Меѓународен аеродром „Александар Велики“ - Скопје

Меѓународен аеродром „Александар Велики“ - Скопје

guitardemon
Со реконструкцијата комплетирана во 2011 година изградена е нова терминална зграда на површина од 40.100 метри квадратни со шест пристапни мостови кон авионите и 23 места за чекирање. Покрај новата терминална зграда, ТАВ изгради пристапни патишта кон овој објект и паркинг со капацитет од 1.300 возила. Во рамките на целокупниот проект се изградени и карго хангар со капацитет од 40.000 тони годишно, противпожарна зграда и службена зграда со површина од 5.000 метри квадратни. Постоечката писта е продолжена за 500 метри на југ. Инвеститорот вложи 100 милиони евра во овој проект, најмногу во новата терминална зграда. Со извршената целокупна модернизација аеродромот има капацитет да опслужи 4,3 милиони патници годишно. #petrovec #tav #wizz_air #петровец #тав
Default Title